На улица може да останат еден куп шивачки над 50 години, што се случува со текстилните фабрики во земјава?!

Македонскиот текстилен сектор се соочува со намалување на нарачките од странските партнери. Продолжува трендот на намалување на нарачките, од причина што на пазарот нема доволна побарувачката на текстил, поради рецисијата, покажуваат најновите податоци од текстилните фабрики од источниот дел на државава.



Сопствениците на конфекциите, по Нова година ќе знаат дали ќе продолжат со производство или ќе мора да ги затворат капацитети. Доколку се случи затварање на фабриките, според анализите на улица ќе останат текстилните работнички над 50 години.

Ние се уште имаме во нашите конфекции луѓе, кои се во средни години и да речеме и требаат уште 10 или 15 години до пензија. Ако дојде до поголемо намалување на работата ќе се случи да дел од тие луѓе ќе останат без работа. Работат и да немаме млади, подмалдување, барем овие луѓе да чекаат да останат и достојна пензија, рече Ангел Димитров од Организација на работодавачи.

Но, како втор поголем проблем е и заминувањето на странските партнери. Ангел Димитров од Организација на работодавачи вели дека веќе четири штипски конфекции се соочени со намалено производство. Стопанствениците се во грч, но клуч на врата засега не ставаат, се снаоѓаат со домашно производство. Ова се случува поради тоа што брендовите сфатиле дека во нашата земја нема доволно млада работна сила.

Во земјава отворени огласи за вработување има во компаниите во ТИРЗ зоните, но и во домашните индустриски капацитети. Според, вицепремиерот Битиќи на земјава и недостасуваат 10.000 работници, а најмногу во секторите градежништво и угостителство.