На Украина ќе и требаат 350 милијарди долари за реконструкција по војната

Германскиот министер за економија Роберт Хабек изјави денеска дека гледа можност за победа на демократијата во Украина и вети дека ќе испрати повеќе оружје додека Киев се обидува да врати повеќе окупирани територии од Русија, пренесува Ројтерс.



„Сега можете да видите дека ова може да заврши со победа на слободата и демократијата“, им рече Хабек на новинарите по средбата со украинската министерка за трговија Јулија Свириденко.

Хабек рече дека тој и Јулија Свириденко, која е и прв вицепремиер на Украина, разговарале за начините за собирање финансиска поддршка за закрепнување на Украина.

„Потребни се многу пари. Повеќе пари отколку што можат да обезбедат јавните финансии“, рече германскиот министер. „Потребен ни е инструмент, фонд, на начин кој создава силна и стабилна можност за инвестирање на компаниите… Овој глобален фонд може да собира помош од приватни инвеститори, банки и хеџ фондови“, додаде тој.

„На Украина ѝ се потребни 350 милијарди долари за закрепнување, според проценките на Киев“, рече Хабек.