Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников на неформалниот состанок со министрите за одбрана на ЕУ во Шведска информираше дека Украина има недостиг на артилериска муниција.
„Потребни ни се еден милион артилериски гранати. За ова веројатно ќе бидат потребни околу четири милијарди евра“, рече министерот Резникв, информираат медиуми.
Во услови на обиди на Русија да започне нова офанзива, Киев се соочува со критичен недостиг од артилериски гранати од 155 милиметри.
Во исто време, шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, на почетокот на состанокот рече дека Европската унија треба да ги насочи постоечките ресурси за надополнување на муницијата на Украина пред да донесе одлука за доделување нови средства за оваа задача.
Според Блумберг, проектот досега предложен од Европската унија предвидува залихи во вредност од една милијарда евра, односно четири пати помалку отколку што сака Резников.
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников побара од земјите на ЕУ да го зголемат снабдувањето со муниција до 250.000 артилериски гранати месечно, објави Фајненшл тајмс (ФТ).
Во писмото до неговите колеги од ЕУ Резников напиша дека поради недостиг на муниција, украинските сили не можат целосно да ги искористат можностите на постоечките артилериски системи.






