Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари вели дека на следните парламентарни избори можно е да се формира заедничка коалиција меѓу ДУИ, Беса и Алијанса, без да го спомне поранешниот коалициски партнер, Алтернатива.
По неговата изјава за ТВ21, експресно реагираа од Движењето Беса и искажаа незадоволство што што Таравари ја спомнува нивната партија во заедничка коалиција со ДУИ:
„Г. Таравари треба да се реши дали е со Владата или со опозицијата и тогаш да гради сојузи и соработки. Додека е во Влада, му посакуваме продолжување на љубовта во рамки на владата со ДУИ, но таму каде што е ДУИ, не е Движење Беса“ вели лидерот Билал Касами.







