На Табановце задржувањата се околу 30-40 минути, информира Авто Мото Сојузот на Македонија.
Стотици возила чекаа за влез во соседна Србија, а најголем дел од нив се упатуваат кон вакциналните пунктови во Врање, Ниш и Белград.
Српските здравствени власти најавија дека викендов се подготвени за вакцинација на илјадници странски државјани, најмногу од БиХ и Македонија, кои кон крајот на март се вакцинираа на Саемот во Белград.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата“, стои во извештајот на АМСМ.
Поради продолжениот викенд и вчера имаше гужви на границите. Граѓаните заминаа за Грција или Србија.







