На ГП Табановце – Прешево од денеска се поминува со едно чекање откако денеска Македонија и од Србија го стартуваат проектот за интегрирано гранично управување „One stop shop” на овој премин.
Премиерите Зоран Заев и Ана Брнабиќ на свеченоста на меѓуграничниот простор порачаа дека двете држави со новината го забрзуваат протокот на патници и стока, времето на чекање се намалува двојно, а се отвора и можност за подобра соработка на бизнис заедницата и интеграција на регионот.





