Глобалното економско закрепнување од кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот може да трае и до пет години, изјави главниот економист на Светска банка Кармен Рајнхарт.
„Веројатно ќе има брзо закрепнување кога ќе бидат укинати сите ограничувачки мерки поврзани со затворањето, но за целосно закрепнување ќе бидат потребни пет години“, рече Рајнхарт за време на конференцијата во Мадрид.
Таа додаде дека рецесијата поврзана со пандемијата ќе трае подолго во некои земји и ќе ги продлабочи нееднаквостите, бидејќи најсиромашните во богатите земји ќе бидат повеќе погодени од кризата, додека во сиромашните земји тие ќе бидат дури и повеќе погодени отколку во богатите.
За прв пат по дваесет години, глобалната стапка на сиромаштија ќе се зголеми поради кризата, рече Рајнхарт.





