На Суд новинарката која влезе со транспарент „Не за војна“ среде вести

Адвокатот на уредничката на руската телевизија Марина Овсијаникова, која за време на вести на националниот „Канал 1“ се појави со плакат против војната во Украина, информира дека е во московскиот суд, дознава Си-Ен-Ен.



Телевизијата прикажа фотографија од Овсијаникова и нејзиниот адвокат Антон Гашински, објавена попладнево на каналот за вести Телеграм.

Марина Овсијаникова со адвокатот

Медиумите по настанот синоќа објавуваа дека уредничката Овсијаникова исчезнала по протестот кој од официјален Кремљ беше оценет како „хулиганство“.