На Стојанче Ангелов му дизајнираа маска во облик на – ќерамида

Антологиската сцена во која лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, крши ќерамиди со глава го инспирира дизајнерот Ласко Џуровски на новиот в.д. директор на Центарот за управување со кризи да му „скрои“ заштитна маска во облик на – ќерамида.



Всушност, станува збор за духовит додаток на официјалната фотографија со која е овековочено стапувањето на должност на новоименуваниот државен функционер.