Психијатарот Блеиз Агир станал милијардер откако открил дека на неговата банкарска сметка „легнале“ 2,45 милијарди долари.
Тој претпостави дека вработените во Banc of America во Масачусец сами ќе ја откријат грешката во трансакцијата, но кога тоа не се случило, тој се обратил до директорот за односи со клиенти и инсистирал ситуацијата да се разјасни.
„Грешка на дсплејот и ништо повеќе“, објаснил портпаролот на банката Бил Холдин, нагласувајќи дека грешката е исправена, јави Блумберг.
Агенцијата потсетува дека овој случај не е единствен , но грешка со толку голема сума се јавува за прв пат.





