“На 26.09.2021 во 02.30 часот во Меѓународниот Аеродром – Скопје, полициски службеници ја лишиле од слобода К.Р.А.(50) од Скопје, затоа што го нарушила јавниот ред и мир со викање, непристојно и дрско однесување и со навредување на полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Нејзе ѝ бил изготвен записник за констатиран прекршок по член 4 и член 12 став 2 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир”, објави МВР.
Иницијалите кои ги објавува МВР во својот дневен билтен се идентични со тие на професорката Каролина Ристова Астеруд, екс пратеничка на СДСМ и жесток критичар на владата на Заев.
Неофицијално приведената била лишена од слобода откако и бил побаран документ за вакцинација или негативен тест за Ковид19.
Професорката Астеруд беше еден од најжестоките критичари на Преспанскиот договор и Законот за јазиците.






