Во екот на неговото оспорување од Бугарија, Амбасадата на Руската Федерација во Македонија „на сите Македонци од срце им го честита“ Денот на македонскиот јазик со две врзани објави на Твитер.
Денес се празднува Денот на македонскиот jaзик прогласен во чест на 5 мај 1945 година кога Владата на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) May 5, 2021
Русија има долга традиција на изучување на македонскиот јазик, почнувајќи од дисертацијата на Леонард Мазинг во 1890. Студии беа објавени од Афанаси Селишчев (историја, дијалектологија), Самуил Бернштејн, Рина Усикова (граматика, лексикографија, социолингвистика) и други слависти pic.twitter.com/mjSOuiPlhu
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) May 5, 2021