Еден голем случај кој беше неодамна актуелен кој го води Специјалното Јавно обвинителство е главната причина за раздорот меѓу две групи обвинителите во оваа правосудна институција за која денеска објави анализа макфакс.мк.
Една група обвинители инсистира СЈО да го забошоти, да го забави или да се повлече од процесирање на случајот а друга група обвинители инсистираат целосно процесирање на случајот и правна завршница.
Случајот во кој деновиве има огромен напредок во истрагата е поврзан со и екс функционери и екс бизнисмени блиски на владата на ВМРО- ДПМНЕ
Дел од обвинителите се закануваат дека ако случајот биде блокиран или префрлен во друга судска институција тие водејќи е од начелото на јавен интерес ќе достават информации за истиот на новинари и активисти со цел јавноста да дознае за криминалот.
Тие имаат поддршка од неколку странски амбасадори кои инсистираат доказите да се процесираат до крај и гарантираат заштита на обвинителите кои што сакаат да има правна разрешница на случајот во кој се обвинети десетина луѓе.
Во случајот се инволвирани и политичари од актуелната власт кои ја поддржуваат групата обвинители кои што сакаат да го забошотат случајот. Според планот, неофицијално идејата на власта е случајот да се одземе од СЈО и да се даде на друга инситуција која што подоцна ќе може да го забошоти.





