Градот Скопје без темелна контрола за трошењето на електрична енергија за јавното осветлување.
Во неколку наврати граѓани забележуваат и предупредуваат на вклучени јавни светла во центарот на градот во текот на денот.
Откако новинарот Хусаметин Гина објави фотографија на која се гледа како среде бел ден горат светла, реагираше и претседателот на ЗНМ Насер Селмани кој откри дека колегите од порталот Алмакос побарале став од Град Скопје.
Од таму незаинтересирано одговориле дека немаат таква информација и дека има фирма најмена да се грижи за осветлувањето.






