На СДСМ му се случува колапс, Бихаќка загубила 1/4 од гласачите за 6 месеци (АНКЕТА)

Ако утре се одржат парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи во сооднос од повеќе од 2,5:1 со владеачката партија СДСМ.



Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 25 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк

Една четвртина од испитаниците изјавиле дека на наредните избори ќе гласаат за политичката партија ВМРО- ДПМНЕ (25,1%), потоа следуваат ДУИ со 9,7%, СДСМ со 9,5% и Левица со 7,1%.

Најголема промена во довербата на гласачите има кај партијата СДСМ каде процентот на испитаници кои се изјасниле дека ќе гласаат за оваа партија е намален од 12,4% во месец февруари на 9,5% во септември 2023 година.

Тоа значи дека СДСМ за околу 6 месеци загубила околу една четвртина од своите гласачи.

Повеќе од половина или 52,2% од испитаниците би излегле да гласаат доколку утре се одржат избори. Споредено со одговорите на испитаниците од истражувањата во јуни и февруари 2023 година се забележува тренд на намалување на бројот на испитаници кои се изјасниле дека ќе излезат на следните избори.

Анкетирањето беше спроведено од 18 до 25 септември 2023 година со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1200 испитаници со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%..

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година

Маркет вижн е една од водечките агенции за јавни мислење која досега објавувала истражувања без големи отстапки во реалноста.

Поврзани вести

Тешки моменти пред лидерот на СДСМ кој ја доведе партијата во досега најлош скор во однос на ВМРО-ДПМНЕ

Црно му се пишува на премиерот, Ковачевски губи од Мицкоски со речиси 4:1 (АНКЕТА)