На руската верзија на „Мекдоналдс“ му снема – помфрит

Новоотворениот синџир за брза храна „Вкусно и точка“, кој го замени Мекдоналдс во Русија, во некои од рестораните привремено ќе престане да служи помфрит.



Недостатокот на вистинскиот тип на компир значи дека гостите ќе треба да изберат различен гарнир за нивните хамбургери.

Компанијата очекува дека помфритот ќе се врати на менито до есен, пренесуваат руските медиуми.

Мекдоналдс се повлече од Русија во знак на протест поради нападот врз Украина. Американскиот гигант за брза храна ги продаде своите ресторани на руски бизнисмен, а во јуни неколку негови продажни места беа повторно отворени под името „Вкусно и точка“.

Еден месец по отворањето, се појави и првиот проблем…

Мекдоналдс го отвори својот прв ресторан во Москва во 1990 година.