Професорот Живорад Томовски од катедрата за математика на Природно математичкиот факултет во Скопје го поддржува барањето на опозицијата за оставка на министерката за правда Рената Дескоска.
Томовски својата согласност за заминување на Дескоска преку пост на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски кој го споделува на Фејсбук.
“Го поддржувам за оставката”, пишува Томовски на споделениот текст на Милошоски кој од собраниската говорница побара поради инволвираност во случајот Рекет, Дескоска да си даде оставка.

Томовски, иако малку познат во пошироката јабност важи за еден од највлијателните интелектуалци во СДСМ во последниве неколку години и човек близок на врвот на партијата.





