Граѓански активисти на Твитер објавуваат документи и информации за можен огромен скандал во градскиот парк во Скопје.
Според информациите на државно земјиште за мала кирија е отворена елитна кафеана која е маскирана како ботаничка градина и кафе клуб.
Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило на чие земјиште е отворена кафеаната досега официјално не објасниле за што се работи.
Здраво. Ова парцела е на ЈП Паркови и Зеленило на Град Скопје. На влезот на ЈП има цвеќара. Таа цвеќара е сопственост на РМ. Таа цвеќара од завчера, со амин на Шилегов за 300 евра месечна кирија е кафана. pic.twitter.com/JmrFSFnH2x
— Нина Мелато (@PravednaTavita) December 18, 2019





