На повидок домашна млечна криза, кои млекарници изгубија многу пари?

Ситуацијата е алармантна ако во една година убедливо најголемата млекарница во земјава има пад на профитот од 20 отсто, втората најголема има помала добивка за 33 отсто, а третата најголема компанија што произведува млечни продукти две години по ред работи со загуба.



Состојбата со најголемите домашни производители на млечни производи не може да биде полоша ако пет од осум најголеми млекарници имаат големи падови на профитот, две од нив две години по ред работат со загуби, а само една има резултат со минимално отстапување од 2020 година… Што ќе превземе Министерството за земјоделство?

Дали е на повидок нова млечна криза? Ова е дилема која се наметнува кога ќе се погледнат резулатите за работењето лани на најголемите осум македонски компании за производство на млеко и млечни производи. Стрес е за секој што разбира економија да види дека целата домашна млечна индустрија или поточно тие што создаваат повеќе од 70 отсто од домашното производство имаат огромни падови на добивките.

Линк до целиот текст.