Граѓаните ќе треба да одговорат на шеесетина прашања во рамки на пописот кој ќе се одржи од 1 до 21 април годинава, а смеат да не одговорат само на три прашања, рече директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, на денешниот брифинг со новинарите.
„Единствените прашања на кои граѓаните нема да мора да одговорат се за етничката припадност, за религиската припадност и за јазиците“ вели директорот на ДЗС, Симовски.
Тој очекува, според обврската, „да ги објавиме податоците шест месеци по завршувањето на пописот, но јас сметам дека ќе успееме многу порано да го сториме тоа. Нашата цел е за три месеци да ги објавиме резултатите. Така ќе имаме свежи податоци“, рече Апостол Симовски.






