Претседателот Стево Пендаровски денеска истакна дека е за промена на Уставот со внесувањето на Бугарите во него.
Шефот на државата рече дека дека тој преку својот претставник учествува во работната група за уставните измени и оти со тоа јасно го кажува неговиот политички став,
„Јас учествувам преку мој претставник и со тоа јасно го кажувам мојот политички став, дека сум за тие уставни измени, сметам дека тие не се нешто страшно за нас и сметам дека државата нема да пропадне ако ги внесеме Бугарите, заедно со другите шест, седум народи, рече шефот на државата, одговарајќи на новинарско прашање во врска со првиот состанок на работната група“, рече шефот на државата.
Пендаровски додаде дека „ѕтоа што е обврска, која ја знае генералната јавност и сите ние ја знаеме дека тука објективно нема многу работа. Не знам колку седници (на работната група за уставни измени) ќе им требаат, но факт е дека е добро што почнува таа постапка и добро е што ќе се одвива пред очите на јавноста, тука нема скриени агенди, некој да не стравува дека ќе се направи нешто надвор од она што е веќе воведено во Преамбулата и во нормативниот дел на Уставот за сите останати етнички заедници. Разлика нема да има за Бугарите се разбира“, нагласи претседателот на државата.
Се очекува, откако ќе се подготват измените, предлогот да ги помине сите работни тела во рамките на Собранието. Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови
Опозициските партии, меѓу кои и најголемата ВМРО-ДПМНЕ, и покрај повиците од власта, одбиваат да учествуваат во работната група. Остануваат на ставот дека нема да поддржат уставни измени и оти тие нема да бидат донесени за време на овој парламентарен состав.







