На Пелистер падна првиот снег

Снегот го побели врвот на Пелистер, Антена на надморска височина од 2.601 метри. Ова се први снежни врнежи оваа есен.



Во Битола обилно врне дожд и се очекува врнежите да продолжат во текот на денешниот ден.

Температурата во градот падна до 12 Целзиусови степени, што е вистинска промена, ако се знае дека до вчера, битолчани се шетаа по кратки ракави.