На пат за Москва во Белград уапсен Љупчо Палевски

Функционер на партијата на Солза Грчева и бизнисмен Љупчо Палевски – Палчо од ноќеска е во притвор во Белград, јавува порталот Скопје 1.



Палевски бил приведен во моментот кога се обидувал да замине сакал да отпатува во Москва.

Според порталот; Палевски е притворен по меѓународна потерница од Хрватска и во моментов е во екстрадициски притвор.

Палевски има кривична пријава и во Македонија затоа што во април годинава на настан во Прилеп преку мегафон пушташе „бомби“.

За апсењето на Палевски во Белград засега нема никакви информации од македонските институции.