
Во Собранието продолжува расправата на Комисијата за економски прашања на чиј дневен ред се измените на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, поврзан со експлоатација на суровини по должина на коридорите 8 и 10д.
Во меѓувреме отворен е оглас за работа на коридорите, се бараат работници. Договорот во кои се предвидени овие услови, останува тајна – пренесува ТВ24.
Инаку според огласот најплатена позиција е помошник на главниот и одговорен координатор на проектот, кој треба да биде градежен инженер.
За оваа позиција е предвидена плата од 70.052 денари со осумчасовно дневно работно време во прва смена.





