За позицијата доктор на специјализација по гинекологија и акушерство на работа ќе се прима Албанец или Турчин, за доктор на специјализација по педијатрија исклучиво Албанец, а по анестезија и интензивна нега се бара Албанец или пак Ром, пренесува Канал 5.
Прашани дали се ваквите критериуми соодветни за вработување на лица кои треба да се грижат за здравјето на граѓаните, министерот за здравство Меџити и премиерот Ковачевски одговорија едногласно, дека огласот е врз основа на Законот за вработени во јавниот сектор, кој предвидува правичната застапеност во сите институции..
-Ова е законот предвиден, но сепак се согласувам со вас дека искуството и знаењето се пред се. -Фатмир Меџити – Министер за здравство.
-Ако вие мислите дека треба да го скршиме законот во ред, ние треба да го смениме законот. Јас сум кажал многу пати, етничка припадност неможе да биде професија, етничка припадност е професија само на Западен Балкан, никаде на друго место во светот,- Димитар Ковачевски – Претседател на Влада.
Ваквиот оглас предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, меѓу кои се и од медицинската фела. Се пишува дека огласот е срамен бидејќи ваков преседан во медицинскиот свет не постоел, затоа што националноста не смее да биде критериум во терцијарното здравство. Други пак огласот го нарекуваат дискриминирачки.
Дали со ваквите огласи за
за вработување се прекршува уставното право на еднаквост на граѓаните? Пред два дена на брифинг со новинарите, претседателката на Уставниот суд – Добрила Кацарска посочи дека најдобрите кандидати треба да се вработуваат, а не според националноста и критериумите на балансерот, за кој кажа дека досега не е поднесена иницијатива за проверка на неговата уставност.
-Јас не можам сама да одлучувам, доколку колегите изгласаат, таква одлука во смисла по службена должност да поведеме иницијатива ќе работиме и за таков предмет. /Не можете да објавите конкурс и да речете, пример три места за советник на судот и да ставите во заграда, двајца Албанци и еден Македонец или обратно, тројца Македонци, не може да стои дека тројца Македонци ќе примите, сите се еднакви, тој што покажал најдобри резултати, тој ќе биде вработен во Уставен суд, барем додека сум јас тука. – Добрила Кацарска – Претседал на Уставен суд.
Меџити и Ковачевски на денешната прес-конферецнија соопштија дека 1,117 лица кои работат во здравството хонорарно или на определено време со години, ќе добијат решенија на неопределно време… Закон за автоматска транформација на работниот однос нема, но министерот вети дека ќе направи се заедно со менаџерите на болниците, на огласите да бидат избрани тие што и досега работеле во нив, без регулиран статус..
Извор : https://kanal5.com.mk/na-oglasot-za-lekari-na-gak-ne-mozhe-da-se-prijavat-makedonci-zhestoki-reakcii-od-felata/a618649
![]()




