Објавен е нов Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата.
Од Министерството за одбрана информираат дека рокот за пријавување е седум дена, вклучувајќи го и денот на објава на јавниот оглас.
Услов за оние кои се пријавуваат е:
-да се државјани на Македонија,
-да се полнолетни,
-да имаат завршено средно образование,
-да имаат посебна здравствена и физичка способност и
-да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.
Како што информираат од Министерството за одбрана, платата на професионалните војници ќе изнесува над 31.000 денари, со дополнителни над 10.000 денари за станбено обезбедување.
Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во Армијата, ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерката за одбрана.






