Минатата година биле вработени 60 јавно-обвинителски службеници од кои најголем дел стручни соработници, а за оваа година Обвинителство има објавено оглас за 72 стручно административни работници, вели во интервју за МИА, државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
„Состојбите на овој план се подобруваат не само заради заложбата на Обвинителството, туку и заради разбирањето и на извршната и на законодавната власт во земјата, за потребите на Обвинителството и за алиминтирање на неговите потреби за да може да биде поефикасно во извршување на својата функција“ , вели Јовески.
Тој соопшти и дека за оваа година буџетот на Обвинителството е зголемен за околу 14 отсто.
„Исто така ја гледам гаранцијата во Законот за Јавно обвинителство, каде што првпат се востанови дека за потребите на Обвинителството ќе се издвојува 0,4 отсто од Буџетот на Република С. Македонија. Свесни сме дека тоа не може веднаш да се оствари со оглед на овие кризи кои се сега во земјата, но очекувам дека за неколку години ќе се постигне тој процент“, вели, меѓу другото, Јовески за МИА.






