На својата новогодишна забава владеачката партија СДСМ раздала вино вредно околу 5 илјади евра.
На сите гости на партиската забава им било дадено вино со етикета на СДСМ кое во продавница вреди околу 1000 денари а со попуст може да се најде и за 800 денари.

Виното на кое од СДСМ му ја смениле етикетата е од марката Дарон на винаријата Бовин.

Виното Дарон се препорачува меѓу другото да се пие со свинско печење и силни сирења.

Според проценките на забавата на СДСМ имаше присутно околу 400 гости пред се партиски функционери и членови.
Ако на сите нив им биле дадени 400 флаши од ова релативно скапо вино тоа значи дека за набавката партијата на власт биле потрошени над 300 илјади денари или околу 5000 евра.
Тоа можеби не е скапо за владечка партија но е огромна сума за Македонија каде секое второ семејство мака мачи да го помине месецот.
Дали СДСМ за ова вино распишала тендер на кој победила винаријата Бовин при што се платени сите даноци кон државата или се работи за донација во вино е посебна приказна за која што одговорна е Управата за јавни приходи која ја води кадар на СДСМ Сања Лукаревска.






