На неколку месеци пред избори, фрчат нови огласи за вработување на државна сметка

Фрчат нови огласи за вработување на државна сметка за претстојната изборна година, дури 500. На помалку од еден месец од техничката Влада и на четири месеци пред избори, само во Владата се бараат 60 нови административци, Агенцијата за вработување бара 18 службеници, Регулаторната комисија за енергетика вработува тројца, Дирекцијата за заштита и спасување 25 луѓе, Центарот за управување со кризи 28.



Па така на пример, само во Влада, помошник раководител на сектор за поддршка на директорот и логистика ќе зема близу 40.000 денари. Новите советници ќе земаат околу 32.000, референтите и архиварите ќе бидат платени околу 23.000.

Годинава, огласи за вработување објавија и Министерството за земјоделство и за финансии, каде се бараат 55, односно 34 службеници. Министерството за информатичко општество вработува 30 службеници, Агенцијата за вработување бара 75 службеници, Катастар 30, потоа Агенцијата за државни пасишта, Агенцијата за храна и ветеринарство и уште десетина други државни институции. И таму платите се движат од 30 до 40.000 денари.

Инаку Министерството за финансии предлага секое министерство, претпријатие, акционерско друштво, агенција, општина сами да го прават планот за вработување, односно повеќе да нема потреба да добиваат дозвола од министерството за финансии. Со таквите измени добар дел од познавачите алармираат дека можно е да колабира ситемот, и дека ќе се загуби и онака слабата контрола за вработување на јавна администрација.

И во Национални шуми предизборо се бараат 355 работници. Од нив дури 230 треба да се Албанци, а само 30 Македонци. Потоа 30 Турци, и по некој Влав, Ром, Србин и ставка „Други“.