„Имам намера на дел од пратениците кои се избрани да им понудам раководни места во државата така што контиунирано согласно законот следните пратеници на листата ќе влезат во парламентот“ изјави денеска премиерот Зоран Заев кој очекува до крајот на септември да бидат именувани раководните лица на сите институции под надлежност на извршната власт.



Тој денеска во Кавадарци изјави дека намерава најдоцна до крајот на неделата да ги достави до Собранието предлозите за заменици-министри, пренесе Плусинфо.