
Уште еден инцидент на небото – германски и британски ловци пресретнаа руски авион, којшто наводно не комуницирал со естонската контрола за летање.
За време на првата заедничка воена вежба на авионите на Британија и Германија во воздушниот простор над Естонија наишле на руски авион, од типот Ил-78, кој се користи за полнење гориво на авиони, наречен „летечки танкер“.
Инцидентот се случил во областа меѓу Санкт Петербург и Калининград.
Вежба на британските и германските сили е дел од зедничката воздухопловна политика на НАТО во овој регион.
Пресретнувањето било рутинско, но е првпат Германија и Британија заедно да изведуваат ваква операција со летечките „тајфуни“.
Инцидентот се случува во време на големи тензии меѓу НАТО и Русија поради војната во Украина иако нема докази дека овој инцидент е поврзан со судирот на рускиот борбен авион и американскиот дрон над Црното море, кој се случи вчера.





