Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални изјави денес дека го тужи затворот затоа што не го добил Куранот што го побарал на почетокот на постот на Рамазан.
„Кој би помислил дека првата тужба против колонијата ќе биде во врска со Куранот?“, напиша Навални, кој штрајкува со глад од 31 март, на Инстаграм.
Тој вели дека книгите што ги донел кога дошол во затворската колонија на почетокот на март сè уште не му биле предадени затоа што треба да бидат „проверени за екстремизам“, што е тримесечна постапка.
„Дали ќе проверите дали Куранот е екстремистички? Тоа е глупаво и незаконско “, изјави тој и додаде дека затоа испрати барање до директорот и поднесе тужба “.
Критикуван за расистички ставови во текот на 2000-тите и за учество во екстремно десни демонстрации, Навални рече дека решил „детално да го проучи и разбере Куранот“ во затвор.






