Откако еврокомесарот за проширување ја повика македонската опозиција „да се отрезни“ во интервју за „Еуроактив“ со теза дека „палењето документи во пленарната сала, туркањето на луѓето кон насилство и поттикнувањето омраза не носат ништо, само штета“, реагираше професорката Мирјана Најчевска.
Вархеји со дрска порака: Македонската опозиција да се отрезни
„Дали Вархеј нкогаш упатил било каква критика кон Бугарија? За објективноста и стандардите и принципите ми е зборот“, прашува професорката Мирјана Најчевска во врска со изјавата на Вархеји во објава споделена на социјалните мрежи.
Еврокомесарот изјави дека дека Македонија ќе треба да го промени својот устав за да ги вклучи Бугарите, за што го нема потребниот консензус во парламентот.
„За Северна Македонија ова треба да биде момент за отрезнување, но и за опозицијата“ рече Вархеји според кој патот на Албанија кон ЕУ е чист, но Македонија има услов за вметнување на Бугарите во Уставот.

.






