Уставниот совет на Франција попладнево ги одобри повеќето мерки вклучени во непопуларната пензиска реформа, пренесе АФП.



Меѓу нив е водечката мерка за зголемување на старосната граница за пензионирање на 64 години, притоа отфрлајќи некои мерки од владиниот проект, како што е создавањето „индекс на работна возраст“.

Истовремено, беше одбиено барањето за референдум со заедничка иницијатива, поднесено од левицата. Сепак, второто барање поднесено подоцна треба да биде предмет на ново решение на 3 мај.

На 16 март, француската влада одлучи да спроведе пензиска реформа со која ќе се зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години, заобиколувајќи го гласањето во Националното собрание.

Така беше усвоена реформата. Потоа следеа масовни протести на Французите, обично придружени со немири, кои беа организирани од радикалите и хулиганите кои се приклучија на демонстрациите.