„Побарав поддршка не само на Конвенцијата од делегатите на ВМРО-ДПМНЕ, туку и од други партии и други политички субјекти.
И еве сум овде да го убедам ГРОМ дека врз основа на она што ќе го кажам и она што ќе го ветам да одлучи да ја поддржи мојата кандидатура“, изјави кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска која имаше средба со претставници на партијата ГРОМ.





