Мајките кои се на породилно отсуство в четврток ќе протестираат пред владата откао на седница вчера Валадата одлучи да ги врати на работните места родителите чии деца се до шестгодишна возраст и тоа почнувајќи од следната недела, 23 септември, дознава Слободен печат.



Тие се затекнати и шокирани од оваа одлука, и голем дел од мајките најавуваат дека ќе ги напуштат работните места:

„ Доколку не се смени одлуката решена сум да ја напуштам работата и да си ги чувам децата дома. Тие ми се пред се. Леб и сол ќе јадам ама бебе во градинка не пуштам“, вели една мајка.

Протестот ќе се одржи пред владата во четврток, од 17 и 30 до 19 часот, а на протестот ќе се вклучат и родителите кои користеа мерки за деца до 10 години.

Барањата на мајките се породилното да се продолжи до крајот на годинава како што првично беше најавено, од повеќе причини. Прво, тие стравуваат дека во пракса нема да се изведе зголемување на бројот на деца во група од шест на дванаесет, зашто ниту има доволно време да се обезбеди простор и кадар, ниту градинките имаат капацитет, така што оваа мерка според нив ќе остане само теорија.

Дури и да сакаат, нема да има место да ги запишат децата во градинка, велат тие.