Лидија Димова во понеделник ќе биде повикана кај судија на претходна постапка, и судот ќе одлучува за одземањето на патната исправа на директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност , дознава Плусинфо.
„Заради обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка, обвинителството му предложи на судот на осомничените да им определи мерки на претпазливост и тоа обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело. Одлуката на судот ќе биде донесена во редовна законски утврдена постапка – велат од Обвинителството.





