Министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека е можно граѓаните повторно да користат евтина дневна тарифа на струја, и тоа од први јули.



„Заедно со Регулаторната комисија за енергетика работиме во насока да се врати евтината дневна тарифа за електрична енергија од први јули годинава, имајќи го предвид зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори, каде пиковите главно се преку ден“, рече тој.

Поради тоа би можело да има вишок на електрична енергија во текот на денот во периодот од мај до октомври, јави порталот Пари.