Реакции меѓу музичарите и другите уметници по срамната акција на владините институции кои завчера растуриле собир на љубители на стари плочи од регионот кои се собрале во Куманово.
Додека власта не санкционира голем број криминални настани и не преземе чекори за спречување на јасен криминал (на пример УРИВАЊЕ НА ОГРОМНАТА ДОВОГРАДБА НА ПЛАСТИЧАРСКА УЛИЦА) овој регионален субкултурен настан на љубители на музика го третира како криминална операција.
,,Царинската управа презела „успешна акција“ во неделата во Куманово, кога упаднала на регионалниот колекционарски настан за размена на плочи и запленила повеќе од 500 винили од странските гости!
Каков срам, каква бламажа за државата и малтретирање на гостите. Небаре сме на сред Кинеска културна револуција.
Подобро ќе беше да се фокусираат на продажбата на шверцувани цигари на Бит Пазар”, коментира амбасадорот Зоран Дабиќ,
поранешен гитарист на „Падот на Византија“ и љубител на плочи и музички традиции.
Дабиќ алудира на односот на кинеските власти кон западната музика за време на Кинеската културна револуција кога музичарите и колекционерите на плочи беа гонети како криминалци.





