На Ковачевски во 5 до 12 му текна да се консултира со опозицијата за Бугарија

По две години молење од страна на опозицијата на владеачката СДСМ и текна дека треба да се консултира со опозицијата за преговорите со Бугарија и со ЕУ.



Иако со месеци ги криеше сите предлози од ВМРО-ДПМНЕ и јавноста сега Ковачевски најавува јавно дека за денешниот предлог на францускиот претседател ќе се консултира со сите па и со опозицијата пред да ја донесе одлуката дали да се прифати новиот непознат предлог на Париз.

Дали со изјавата Ковачевски бара алиби за себе и владата откако веќе ја донесе Македонија во безизлезна ситуација или се работи за искрен пристап, ќе се види многу брзо.

Консултација значи дека ако ВМРО-ДПМНЕ не го прифати предлогот тој нема да каже ДА за радикалните бугарски позиции содржани во него.

Во спротивно најавата за консултација е само политички ПиАр и обид да се префрли одговорноста на владата за катастрофата во ЕУ во дворот на Мицкоски.

Што најави Ковачевски

Влада: Пристигна предлог од француското претседателство