Денеска по 14 часот откако состојбата во Северно Косово започна да се стабилизира започна движење на српската војска која своите транспортни возила и оклопнни единици ги извадила од касарната во Краљево, јавуваат српските медиуми.
Според нив правец на движење на војската на Србија е Рашка, град на десетина километри од границата со Косово во близина на граничниот премин Јариње каде изминативе години се случија низа сериозни инциденти.
Околу 13 и 30 минути во касарната во Краљево каде што е сместена една од најопремените и најбројни српски воени единици ред пристигнал српскиот министер за одбpaна, Александар Вулин.
Во меѓувреме медиумите во соседна Србија јавуваат дека еден авион од типот МиГ-29 полетал од Нови Пазар и се упатил кон копнената безбедносна зона на границата меѓу Србија и Косово.
Со наредба на претседателот Вучиќ од изутрина Војската на Србија е на максимално ниво на борбена готовност.





