На Косово 10 години забрана за коцкање

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај соопшти  дека неговата влада ќе забрани коцкање и ќе ги  затвори казината на косовска територија.



„Ние го извршуваме барањето на парламентот. Барањето беше владата да забрани коцкање за период од 10 години и да ги забрани сите игри на среќа“, рече Харадинај.

Тој најави дека владата во наредните 30 дена ќе достави до Парламентот изменет закон со кој ќе се зозакони забраната, пренесува Коха.

Повод за ова се две убиства што се случија во две казина минатата недела.