На Кипар е откриена нова варијанта на коронавирусот. Се нарекува Делтакрон бидејќи е Комбинација од постојните мутации на коронавирус „Делта“ и „Омикрон“ е новиот вирус откриен на Кипар и наречен „Делтакрон“, јавуваат агенции.
Новата варијанта е идентификувана во Лабораторијата за биотехнологија и молекуларна вирологија на Универзитетот во Кипар, објави, проф. д-р Леонтиос Кострикис.
До крајот на декември биле извршени длабински генетски анализи на 1.377 примероци, од кои во 25 беше откриена новата варијанта.
Новиот сој се базира на варијантата Делта, а содржи и генетски мутации на Омикрон, поради што научниците го нарекоа „Делтакрон“.
Почеста е кај пациенти хоспитализирани со коронавирус, рече проф. Кострикис.







