„Илбер Села, директор на Агенцијата за употреба на албанскиот јазик, во авторски напис со наслов ‘Обединети’ вели дека Албанците од Македонија и Косово треба да бидат обединети кон националните цели.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.
„Тетова сот“ го пренесува написот на Илбер Села: „Тој пишува дека сега треба да бидеме внимателни, за да не станеме, свесно или несвесно, дел од антидемократските структури. Војната во Украина покажа колку се силни антидемократските служби во меѓународниот систем, а особено на Балканот. Балканот минува низ деликатна ситуација икога мора да се донесат смели и долгорочни одлуки, кои го насочуваат овој регион поблиску до евроамериканските вредности. Албанците треба да го искористат овој геополитички момент. Затоа, Албанците од Косово и с.Македонија треба денес да бидат пообединети кон националните цели. ‘Секој од нас треба да придонесе албанските политички партии од Косово и с.Македонија да се доближат една кон друга, особено позицијата и опозицијата.“
„Тој упати повик за зближување, комуникација и обединување на оние, кои презеле одговорност однародот, да придонесат на патот на националниот интерес, бидејќи, како што напиша тој ‘историјата ќе ве осуди’. ‘Сега е моментот!’ – нагласи Илбер Села.“





