На Јанева и на Боки 13 не им кажуваат што кажал Кичеец

Адвокатите на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев, по четиричасовниот увид во доказите за случајот „Рекет“, изјавија дека не им било дозволено да го видат исказот на Зоран Милески-Кичеец, кој засега е осомничен во случајот, но му беше укинат притворот минатата недела.



„Не ни беше даден на увид исказот на Милески. Има повеќе искази, но ниту еден не видовме. Ние сметаме дека имаме право на тоа исто како што имавме право да ги видиме исказите од сведоците“, рече Кадиев.

Зоран Милески – Кичеец , второ осомничен во аферата „Рекет“ од вчера е во домашерн притвор, но нема објаснување на што се должи мерката за преиначување на мерката притвор во Шутка зо домашен.

Вчера и адвокатот на Бојан Јовановски – Боки 13 се пожали на истото.

ЗоранМилевски, како што се дознава, се бранел со молчење.