Четири недели пред изборите на 3 ноември, повеќе од четири милиони Американци веќе гласаа преку почта, што е далеку повеќе од околу 75.000 пред претседателските избори во 2016 година, пренесува Ројтерс.
Поголемиот одѕив беше поттикнат од одлуката на многу држави да дозволат предвремено гласање преку пошта поради пандемијата , но и од желбата да се донесе одлука за политичката иднина на Трамп, изјави Мајкл Мекдоналд од Универзитетот во Флорида.



„Никогаш не сме виделе толку голем број луѓе да гласаат многу порано. Луѓето гласаат кога ќе донесат одлука кога да дадат поддршка и знаеме дека голем број веќе одлучија и веќе имаат мислење за Трамп”, рече Мекдоналд.

Мекдоналд предвидува рекордна излезност од околу 150 милиони, што е 65% од Американците со право на глас, и тоа би бил највисок процент од 1908 година, пренесува Гласот на Америка.

Според националните анкети, Бајден има предност пред Трамп.