На избори со покриени уста и нос, бара Филипче (ВИДЕО)

Комисијата за заштита од заразни болести, преку министерот за здравство, на состанок на Сoветот за безбедност кај претседаталот Пендаровски, ќе побара продолжување на вонредната состојба, рече во одговор на новинарско прашање министерот за здравство, Венко Филипче.



Како што кажа тој, за таквиот предлог имало повеќе причини, меѓу кои задржување на механизмите за спроведување на препораките за заштита од ширењето на епидемијата и во периодот што следи.

Доколку биде одлучено да има избори наредниот месец, тие ќе бидат спроведени според протокол кој произлегува од генералните препораки:

-Треба да се запазува социјалната дистанца , заштитна маска , односно прекривка на носот и устата и задолжително често миење на рацете.

-При одржување на собири во кампањата мора да се придржуваат кон овие мерки, рече Филипче, па дури и за помали собири да се користат разгласни уреди.

-Кампањата врата до врата да се води согласно истите протоколи. Партиските собири да се одржуваат на отворено , а во затворен простор не теба д атраат повеќе од два часа. 

Да нема голем број активисти на еден штанд за делење материјали , најмногу двајца.