По вчерашната седница на Дисциплинска комисија при Државниот просветен инспекторат, каде што беше донесена одлука против инспекторот Ѓорѓи Илиевски да се предложи дисциплинска мерка, тој вели дека очекува – отказ.
Илиевски е „виновен“, а казната ќе биде сооптена за 7 дена – бидејќи укажал на незаконското унапредување на научни звања на актуелни политичари, чиј стаж на Тетовскиот универзитет бил замрзнат.
„Не ми дозволија да ја искажам целокупната причина за да дојде до тоа јас да се појавам во медиумите и да ги доставам до државната антикорупција. На тоа реагираше и мојот адвокат и се тоа во присуство на член на Хелсиншкиот комитет и Народниот правобранител – вели просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски.
Илиевски оди во пензија во јануари и тој е подготвен да оди до крај додека не се расчисти вистината.





