Нема повеќе слободни места за пациенти заразени со Ковид-19 на Инфективната клиника во Скопје, дознава „360 степени“.
Утрово министерот Венко Филипче најави дека има уште само 10 места на Инфективна, но со новиот бран и новите заразени, целиот капацитет се пополнил.
Тоа значи дека со работа почнува модуларната болница, за која министерот за здравство најави дека е подготвена да прима пациенти.






