Иницијативниот одбор за македонската прослава на Мечкин Камен најавува паралелна прослава на националниот празник Илинден на 2 август.
На Мечкин Камен ние Македонците ќе имаме своја бина, свое озвучување, своја програма, свои настапи, пишува во објавата во која уште се вели: “Нема да бидеме дел од прославата на северџаните туку ќе ги исвиркаме”.
Другиот дел од објавата:
“Затоа ве повикуваме да дојдете во што поголем број со знамињата македонски, не со вентилатори.
Со себе понесете и труби и разни свирчиња.
Инаку свирчиња ќе се поделат и на Мечкин Камен.
Не наседнувајте на било какви провокации и заплашувања, не ни можат ништо.
Да ги пречекаме македонските коњаници на наша прослава.
Македонија е на Македонците
Никогаш северна , само Македонија
Се гледаме на Илинден на Мечкин Камен во 11.00 часот на македонска бина, на македонска прослава.
Од иницијативниот одбор”.





